U fokusu rada Instituta za evropske poslove je praćenje pregovora Srbije sa EU i jačanje kapaciteta svih uključenih u procesu. Imajući u vidu složenost i dugotrajnost ovog procesa, Institut okuplja veliki broj stručnih saradnika sa kojima organizuje treninge, debate i druga usavršavanja zato što želimo da svojim radom doprnesemo boljem razumevanju evroatlantskih integracija. Institut radi na organizovanju treninga i pružanju multiperspektivnih informacija kako bismo omogućili aktivno učešće stručne javnosti i građana u procese donošenja odluka. Institut aktivno zagovara i zalaže se za temeljne reforme u okviru pegovaračkog procesa i u saradnji sa partnerima jačamo kapacitete Srbije da se suoči sa izazovima u globalnom svetu kroz zajedničko delovanje, koje za krajnji cilj ima aktivno članstvo Srbije u evroatlantskim okvirima za dobrobit svih građana.

МАКЕДОНИЈА, ПОМИРУВАЊЕ, ЕУ

Веќе некое време во соседна Србија се организираат средби и семинари со цел да се стигне до помирување во регионот. Ситуацијата на Србија е особено карактеристична бидејќи по распадот на бивша Југославија таа се најде во центарот на сите војни кои се одвиваа во 90те години на минатиот век. Неминовен услов за напредокот на Србија во Евроатланските интеграциски процеси е да ги изглади односите со соседите, но и внатре во државата. Оваа година Македонија за прв пат, официјално, беше дел од програмата наречена Младински Амбасадори на Помирувањето (Youth Reconciliation Ambassadors).

Четворица студенти и млади професионалци присуствуваа на 6-дневната интензивна програма организирана од Младинскиот Одбор за Образование (Omladinski Odbor za Obrazovanje – www.iea.rs). Проектот кој е финансиран од Британската Амбасада во Белград и поддржан од ОБСЕ, има за цел пораката за помирување, толеранција и значењето на Европската иднина за регионот да биде пренесена што подалеку.

Имав среќа, лично, да бидам еден од првите четири Амбасадори од Македонија. Пред се, поради тоа што имав можност да покренам некои иницијативи и прашања кои се специфични за Македонија и да видам какви се погледите и сфаќањата на луѓето кои работат во полето на Евроатланските интеграциски процеси на Србија и регионот, за состојбата на Македонија во истите тие процеси.

Првиот дел од мисијата која лично си ја имав поставено, а тоа е да се зборува што повеќе за нашата земја, се реализира доста успешно, без никакви проблеми. Среќен сум што официјалните предавачи, гости, а и останатите Младински Амбасадори сакаа да зборуваат и да научат за нашето секојдневие, проблемите со кои секојдневно се соочуваме и позитивните примери кои ги имаме. Повеќето од предавачите имаа доста добра слика за ситуацијата кај нас, па ним не моравме да им презентираме нешто многу, тие беа повеќе заинтересирани за нашето мислење. Од друга страна пак, Младинските Амбасадори кои доаѓаа од Србија, Босна и Херцеговина и Косово , немаа некои поголеми познавања за тоа што поконкретно се случува со Македонија и нејзините Евроинтеграциски процеси. Јас и останатите тројца претставници на нашата држава имавме чест да ги информираме за тоа кои се нашите ставови во однос на Македонија и пристапувањето кон ЕУ и НАТО.

Втората половина од мојата мисија во Белград, беше да видам што претставниците на ЕУ, ОБСЕ и Британската Амбасада мислат за ситуацијата во која Македонија се наоѓа во Моментов. Покрај официјалните ставови на институциите или државите кои ги претставуваат, сакав да ги слушнам нивните лични мислења. Едноставно, сакав да знам како мојата држава е претставена во светот. За жал, сфатив дека луѓето надвор од Македонија имаат појасна слика за моменталната позиција на државата, од многу луѓе кои живеат во неа. За жал, на сите им е веќе јасно дека Македонија веќе некое време стагнира во Евроатланските процеси, без некоја надеж тоа да се промени во блиска иднина. Сето ова, без воопшто да се спомене економската состојба во земјава, фокусирајќи се само на Македонија како целина.

Очекувано, беше споменат и спорот со Грција, како и тромоста на нашите политички лидери да постигнат консензус за формирање на национална стратегија по ова прашање. Од сите страни пораката беше јасна, на Македонија е да бара што побрзо решавање на овој спор, бидејќи неговото решавање би било пред се во наша корист. Логична последица на ова е прашањето за проектот „Скопје 2014“ и чудењето на претставниците на меѓународната заедница околу истиот. Се што можевме да направиме ние, Амбасадорите од Македонија, беше да дигаме раменици, бидејќи тоа е потег на нашата легитимно избрана власт.

Беше покренато и прашањето за меѓуетнички соживот и толеранција во државата и генералниот впечаток беше дека Македонија функционира како де факто Федерација од два етнички ентитети и дека секој од нив живее во својот ареал, без претерано културно и социјално мешање со остатокот. Мојот личен заклучок е дека нешто треба да се преземе во врска со цела оваа слика. Односно, сите ние треба да се залагаме и да се менуваме на подобро, почнувајќи од себе, а потоа делувајќи и на околината. Да научиме да ги прифатиме нашите соседи и да не употребуваме именки кои искажуваат национална припадност како пејоратив. Да се помириме меѓусебно и да сфатиме дека мораме да продолжиме понатаму кон Европа, се останато би значело изолација и мрак. Да престанеме да ја манипулираме историјата со цел да испровоцирале конфликти во сегашноста. Не смееме да дозволиме Македонија да биде црна точка на Балканот и не смееме да дозволиме земјите кои беа поназад од нас во Евроинтеграциските процеси една по една да не претекнуваат.

Се надевам дека во иднина ќе се организираат што повеќе програми од ваков вид и дека многу претставници од Македонија ќе имаат шанса да станат Младински Амбасадори на Помирувањето, со што би придонеле нашата земја што побрзо да се интегрира во ЕУ и НАТО.

Андреј Петровски, Младински Амбасадор на Помирување

http://www.fakulteti.mk/news/13-09-22/makedonija_pomiruvanje_eu.aspx

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена.

Show Buttons
Hide Buttons