Од 8-13 декември во Белград, Србија, се одржа програмата за млади амбасадори за помирување. Оваа програма беше организирана од страна на српската организација Младински одбор за образование, а финансирана од Британска амбасада.
Програмата има за цел да им пружи на младите луѓе од регионот, Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина прилика да разговараат и да споредат искуства во процесот на транзиција и помирување на регионот, користејќи ја европската интеграција како помошен механизам.
Темите на кои се дискутираше за време на оваа посета се однесуваа на евроатланската интеграција, историјата на регионот, војните и конфликтите и човековите права. Учесниците имаа средба со амбасадорот на Хрватска, амбасадорот на Европската Унија во Белград, Мајкл Девенпорт, министерот за евроинтеграции на Србија, Бранко Ружич, и со други политичари и универзитетски професори.
Имајќи го предвид фактот дека сега тие се млади амбасадори за помирување, учесниците ќе имаат прилика да своето стекнато знаење го проследат понатаму во своите заедници, преку организирање на групи за дискусија, каде што младите од околината ќе можат да разговараат на тема помирување на регионот.
Меѓу нив беше и Викторија Петреска од Прилеп, апсолвент на Економскиот факултет. Таа го споделува нејзиното искуство со нас.
Задоволство е да се биде дел од оваа програма за млади амбасадори, пред се заради средбите со амбасадорите кои одблиску се занимаат со евроинтеграционите процеси и помирувањето на регионот и да се слушни нивното мислење за состојбата во која се наоѓа регионот. Факт е дека во јавноста не се зборува многу за она што се случило во минатото на Балканот, и за сите тензии кои и денес постојат меѓу државите во регионот, па затоа реализација на една ваква програма е од особено значење заради што на едно место имаме млади луѓе кои го споделуваат своето мислење, искуства, стекнуваат пријателства, што е особено важно за идната соработка во регионот, затоа што иднината останува на нас .
Izvor: 10bez10.com

