Institute for European Affairs is focusing on negotiations between Serbia and the EU as well as on strengthening the capacity of all sides involved in the process. Given the complexity and long duration of the process, the Institute brings together a large number of professionals and external experts with whom organises trainings, debates and other forms of capacity development. We want to contribute to enhanced understanding of Serbia-EU relations. The Institute provides multi-perspective trainings in order to enable active participation of professionals and citizens in the decision-making processes. The Institute actively advocates for fundamental reforms within the EU integration process and in cooperation with partners working on strengthening Serbia's capacity to face the challenges of the global world through collective action. The overall objective is active membership of Serbia in Euro-Atlantic framework for the benefit of all citizens.

Media Activity – Sanja Bogatinovska

Кумановка ќе промовира култура на помирување

Сања Богатиновска од Куманово, стана млад амбасадор за помирување, откако минатата недела учествувала на петтата регионална студиска посета „Млади амбасадори за помирување“ организирана од Младинскиот одбор за образование од Белград и Британската амбасада во Србија.

На проектот учествувале дваесетина млади луѓе од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, кои се сретнале со видни личности од политичкиот живот, амбасадори и експерти во Србија.

На завршната церемонија, на учесниците им биле доделени сертификати и медали со кои станале млади амбасадори за помирување. Тие се обврзале да промовираат култура на помирување и да го пренесат стекнатото знаење.

“Млади амбасадори за помирување е уникатна иницијатива, која адресира суштински проблеми и прашања кои се провлекуваат во јавниот дискурс по распаѓањето на Југославија, а кои предизвикуваат стереотипизирање, предрасуди и поделба по припадност кон етнички заедници. Ваквата неформална едукација е од круцијално значење за иднината на поранешните југословенски држави, особено затоа што новонастанатите држави или немаа капацитет или пак не сакаа систематски и институционалнода ги превенираат и решат проблемите со кои се справуваме денес“ – изјави Богатиновска.

Богатиновска е магистер по политички студии на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија, а воедно е и потпретседател на Здружението на граѓани Млади Европски Федералисти – Македонија.

Кумановка ќе промовира култура на помирување

Kumanovo News

САЊА БОГАТИНОВСКА – ПРОГРАМАТА “МЛАДИ АМБАСАДОРИ ЗА ПОМИРУВАЊЕ” Е ГОЛЕМО ИСКУСТВО

Здружението на граѓани „Младинскиот Одбор за Образование“ од Белград, со подршка од Британската Амбасада во Србија, ја спроведе петтата по ред Регионална студиска посета „Млади Амбасадори за Помирување – Дојди во Белград, запознај го регионот“ во период од 7 до 12 Септември. На истата присуствуваа 20 млади луѓе од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, на возраст од 18 до 30 години.

Млади Амбасадори за Помирување е интензивна програма чија главна цел е иницирање мултиперспективен пристап кон дискусии на теми кои се од есенцијално значење за сите земји од поранешна Југославија, имено ЕУ интеграции, историја и процес на помирување. Посебен акцент е ставен на регионална соработка како единствен начин за регионално помирување, демократска консолидација и интеграција во ЕУ.

Во текот на студиската посета, стипендистите имаа можност да се запознаат со работата на Обвинителството за воени злосторства како и Националното собрание, а ја имаа и честа да продискутираат со Хрватскиот Амбасадор во Србија Гордан Маркотиќ, Шефот на ЕУ Делегацијата во Србија – Амбасадорот Мајкл Давенпорт, високиот претставник за односи со Србија пред Косово – Валдет Садику, поранешниот член на Српскиот преговарачки тим со Косово – Борко Стефановиќ, како и членот на преговарачки тим за пристапување на Србија кон ЕУ – Сања Мешановиќ. Исто така, младите учествуваа во интерактивни предавања водени од експерти во области поврзани со регионалното помирување, односно, Маријана Тома, Тамара Томашевиќ, Душан Јањиќ, Јелена Милиќ, Душан Јовановиќ, Мирослав Хрњаз и Дубравка Стојановиќ.

На студиската посета учествуваа Анеса Алити (Куманово), Даниел Ѓокески (Штип), Кристијан Фидановски (Скопје), Филип Цветановски (Скопје) и Сања Богатиновска (Куманово). Имавме можност да разговараме со Сања Богатиновска, која е магистер по политички студии од Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија, а воедно е и потпретседател на Здружението на граѓани „Млади Европски Федералисти – Македонија“ (ЏЕФ Македонија). За програмата изјави:

„Млади Амбасадори за Помирување е уникатна иницијатива на Младинскиот Одбор за Образование, која адресира суштински проблеми и прашања кои се провлекуваат во јавниот дискурс по распаѓањето на Југославија, а кои предизвикуваат стереотипизирање, предрасуди и поделба по припадност кон етнички заедници. Ваквата неформална едукација е од круцијално значење за иднината на поранешните Југословенски држави, особено затоа што новонастанатите држави или немаа капацитет или пак не сакаа систематски и институционално да ги превенираат и решат проблемите со кои се справуваме денес“.

На завршната церемонија, во присуство на високиот претставник од Британската амбасада Доминик Брајтвајт, на учесниците им беа доделени сертификати и медали со кои официјално станаа млади амбасадори за помирување и се обврзаа да промовираат култура на помирување и да го пренесат стекнатото знаење.

Последната студиска посета ќе се случи во декември оваа година, а повикот за аплицирање кој допрва треба да излезе заинтересираните може да го очекуваат на веб страната на Младински Одбор за Образование:   https://iea.rs/.

Fakulteti.mk

МЛАДИ АМБАСАДОРИ ЗА ПОМИРУВАЊЕ

Разговор со Сања Богатиновска, магистер по политички науки и член на Млади европски федералисти – Македонија

„Млади амбасадори за помирување“ е проект чија главна цел е да иницира мултиперспективен пристап кон дискусии на теми со есенцијално значење за заедничкиот напредок на земјите од поранешна Југославија преку размена на искуства на млади од Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Програмата е имплементирана од граѓанската организација „Младински одбор за образование“ (српски: Омладински одбор за образовање) од Белград, со поддршка од белградската Британска Амбасада и се организира во шест циклуси. Во секој циклус има по 20 учесници на возраст од 18 до 30 години, во период од 2012 до 2015 година. Самата програма е интензивна и се состои од петдневна студиска посета и проследни активности кои вклучуваат медиумско појавување, организирање јавни дискусии и пишување есеј. Студиската посета беше поделена во четири тематски целини, односно, историја и човекови права, конфликт и човекови права, Европа и реалност и регионална соработка. Овие целини се однесуваат на три поопшти теми – интеграција во ЕУ, историја и процес на помирување. Посебен акцент е ставен на регионалната соработка како единствен начин за регионално помирување, демократска консолидација и интеграција во ЕУ на овие земји. Предавачите и модераторите се високoобразовани стручњаци од сите полиња поврзани со темите кои ги обработувавме, односно припадници на граѓански организации, академици, амбасадори и политичари. Конечно, на завршната церемонија ни беа доделени медали коишто нè обврзуваат да го пренесеме стекнатото знаење од посетата и да промовираме култура на помирување.

Помирувањето, поконкретно, е основен процес кој треба да се спроведува паралелно со останатите процеси кои неминовно се случуваат во земји кои се во транзиција и поминале низ конфликт кој наликува на етнички. Исто, подеднакво важно е да се пристапи од повеќе аспекти. Она што, по мое набљудување, се случува денес во Македонија е дека темата помирување е замрена, ако некогаш воопшто ѝ било пристапено систематски, а приоритет се дава на други „проблеми“. Во Македонија постои, како што би рекол Џон Галтунг, концепт на негативен мир, односно отсуство на војна или конфликт, но не и меѓусебно разбирање и интеграција на припадниците на етничките заедници во граѓанското општество. Затоа создавачите на јавните политики, мировните активисти и академиците денес имаат полни раце работа. Како истражувач и младински активист со посебен интерес за помирување во Македонија во вистинска смисла на зборот, пораката за помирување ја материјализирам преку истражувања за подигање на свеста кај граѓаните за суштината на помирувањето, како и упатување јасни идеи за создавање и пресоздавање на политики кои ќе придонесат кон помирување. Паралелно, ги поддржувам иницијативите кои промовираат помирување, а во иднина и самата ќе дејствувам од граѓанскиот сектор преку имплементирање на проекти и организирање на различен вид настани.

Кажи ни повеќе за „Младинскиот одбор за образование“: за каква невладина организација станува збор, односно кои се нејзината улога и нејзината мисија во овој проект?

 „Младинскиот одбор за образование“ е граѓанска непрофитна организација чиишто основни цели се развивање демократски односи и остварување и заштита на правата на граѓаните. Таа е создадена од млади луѓе како одговор на ситуацијата во која се наоѓа системот на формалното образование – неговата улога во создавање авторитарно општество и оневозможување на критичко размислување. Како последица на тоа и програмата „Млади амбасадори за помирување“ е нивен проект финансиран од Британската Амбасада во Белград. Улогата на организацијата во самиот тој проект е да го поттикне критичкото размислување кај младите луѓе од четири постконфликтни земји преку активности кои мултиперспективно ѝ пристапуваат на темата помирување. Нивната мисија во овој проект е да овозможат дијалог преку создавање на форум за млади, стекнување на знаење, размена на искуства и понатамошно пренесување на стекнатото знаење, затоа што, како што и самите велат, единствено на овој начин конфликтите мирно ќе се решат и ќе има заеднички напредок за сите земји од регионот.

Што научивте од предавачите и колку и на кој начин тие беа дополнителна мотивација за вас во идната промоција на идејата за помирување?

„Млади амбасадори за помирување“ е сериозна програма во секоја смисла на зборот, па така и сите предавачи кои учествуваа во оваа програма се, како што веќе напоменав, високообразовани експерти од сите полиња, почнувајќи со хрватскиот амбасадор во Србија – Гордан Маркотиќ, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија – амбасадорот Мајкл Давенпорт, високиот претставник за односи со Србија пред Косово – Валдет Садику, преку политичари како поранешниот член на српскиот преговарачки тим со Косово – Борко Стефановиќ и членот на преговарачкиот тим за пристапување на Србија кон ЕУ – Сања Мешановиќ, до академици – Мирослав Хрњаз, политички аналитичари како Душан Јањиќ, припадници на интернационални граѓански организации – Маријана Тома, Тамара Томашевиќ, Јелена Милиќ, Душан Јовановиќ и Дубравка Стојановиќ. Секој од нив на различен начин е вклучен во процесот на помирување и од свој аспект даде мислење околу темата облевајќи не со информации кои претходно не ни биле достапни или пак не ни биле во главниот фокус и интерес. Јас, а верувам и останатите учесници, научивме многу од секој од предавачите и кога сето тоа кога ќе се склопи во една поголема слика, на крај дава едно разнобразно видување на самиот проблем помирување и остава на секој од нас сам да си формира свое мислење. Токму кога ќе се состави големата слика, тогаш забележуваме што сè нè чека. Но, секако од некаде мора да се почне. Иако сите дополнително нè мотивираа и охрабрија да продложиме со промоцијата на оваа идеја, сепак, верувам дека зависно од интересите, најголем мотиватор за секој од нас поединечно бил различен предавач. Во мојот фокус се образовниот систем и личниот социо-психолошки процес на помирување и во тој контекст, предавањата на Тамара Томашевиќ, Душан Јовановиќ и Дубравка Стефановиќ имаа најголемо влијание врз мене. Настрана од тоа, Наим Лео Бешири и Неда Живановиќ кои се креатори и координатори на целиот овој проект се најголема мотивација за мене.

Очекуваш ли овој проект да биде успешен? Дали мислиш дека граѓаните од поранешните југословенски републики, а особено младите, се спремни да размислуваат за помирување, имајќи предвид дека токму постјугословенската младина растеше во период кога на медиумите, а оттука и на јавното мислење, им се вбризгуваа ксенофобни изјави и идеи, а политичарите се служеа со националистичка и етноцентристичка реторика?

Пред сè, верувам дека се може да се успее доколку се сака, и да, верувам дека овој проект ќе биде успешен и во многу пошироки размери. Не можам со сигурност да тврдам дека младите од поранешните југословенски републики генерално се спремни на тоа затоа што оваа проблематика не е научно истражена од тој аспект, а тоа допрва ќе треба да се прави. Ние сè уште растеме со медиуми кои ни кажуваат како да размислуваме за одредени нешта и токму поради нивната контрола од повисоки инстанци, како што кажав и на самиот почеток, немаме вистинско помирување кое подразбира преминување на етничките линии во сите сфери на општественото живеење. Се стремиме да останеме во таа „зона на удобност“ токму поради тие норми кои општествениот контекст ги создава за нас, а ние некритички ги прифаќаме. Она што со сигурност можам да го кажам е дека во секоја од овие републики, постои барем една мала група млади кои се спремни, размислуваат и промовираат помирување и вложуваат огромни напори во „колективното будење на младите“. Но, сметам дека последнво сè уште е многу слабо во однос на влијанието на медиумите и политичарите и дека потребни се уште поголеми напори и гласност во јавниот дискурс. Јавниот дискурс е преполн со националистичка и етноцентристичка реторика што навистина е загрижувачко за процесот на помирување, но според мене уште позагрижувачка е ситуацијата со формалното образование во Македонија, затоа што оваа недемократска реторика длабоко навлегува уште во градинките и основните училишта – токму таму каде што секое дете почнува да се развива и гради како личност. Преку училишни активности кои далеку надминуваат создавање на чувства на патриотизам, негување на образовни парадигми во кои наставникот и неговиот збор се во „центар“, ученикот како пасивен примач на информации, фокус ставен на прифаќање на „апсолутни вистини“ со што се негира критичко размислување, креирање етнички чисти заедници и учење „различни вистини за историјата“ – активности кои полека, но сигурно водат кон несвесна интернализација на стереотипи и предрасуди, што пак, во краен степен негативно се одразува во подоцнежните години. Реформирање на формалното образование би значело осврнување на многу значаен дел од пречките на патот кон помирување.

Дали имаш идеи за идни проекти налик на овој кои би можеле да се имплементираат на ниво на Македонија?

Помирувањето е комплексен феномен кон кој треба да се пристапува континуирано и преку различни инструменти, а самата идеја зад целиот проект, како и студиската посета за мене беа навистина инспирирачки. Имам огромен број на идеи за идни проекти, но сепак ќе се концентрирам на неколку од нив. Една од идеите, која веќе ја напоменав, се однесува на образовниот систем. Поконкретно, основните и средните училишта се првите институции во кои започнува секундарната социјализација и формирањето на првите другарства. Токму затоа од огромна важност е создавањето на интегрирано образование, со причина децата уште од мали да научат да ги надминуваат меѓугрупните категоризации – ние „добрите“ и тие „лошите“. Но, интегрираното образование не може преку ноќ да ги надмине постоечките етнички стереотипизации и затоа, пред неговото формирање неопходно е основање на локални, односно општински граѓански структури кои се насочени кон создавање на одржлив дијалог со припадниците на конкретната општина и организирање на јавни дискусии за придобивките од таквиот образовен систем. Втората се однесува на научно-истражувачки проекти на оваа тема. Имено, на оваа тема правев истражување кое беше дел од мојата магистерска теза и забележав дека имаме вистински недостаток на континуирано следење и мерење на процесот на помирување според индикатори кои се инхерентни за него. Исто така, недостига локален пристап кон проблемот поради што и се прават генерализации за етничките заедници и всушност многу малку се знае за разликите меѓу членовите на истата етничка заедница кои се припадници на различни општини, што е од клучно значење за нас затоа што етничката поделеност е многу изразена во јавниот дискурс. И конечно, токму затоа што овој проблем не ја засега само Македонија, туку и останатите југословенски републики, создавање на балканска организација за помирување, со национални секции во државите ќе овозможи поефективно и поуспешно локално третирање на овој регионален проблем.

Иван Николовски

Izlez.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons