ФОТО: Скопјанец стана млад амбасадор за помирување
Во Белград од седми до дванаесетти септември беше реализирана програмата “Млади амбасадори за помирување” во која учество земаа млади лица од земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија.
Во текот на посетата учесниците имале можност да се запознаат со хрватскиот амбасадор во Србија, Гордан Маркотиќ, Шефот на ЕУ делегацијата во Србија, Мајкл Девенпорт и многу други. Главни теми за кои се дискутирало биле Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, историјата и процесот на помирување.
Еден од претставниците од Македонија е Филип Цветановски кој студира политички науки на Правниот Факултет во Скопје. Тој во изјава за Пресс24 вели дека ова е едно големо искуство од кое се стекнува многу знаење.
–
Оваа програма е од витално значење за решавање на проблемите со кои се соочуваме. Програмата дава можност на младите да стекнат уникатно знаење и искуство преку разговори со свои врсници како и голем број експерти, кое ќе послужи за помирување и соработка на земјите од регионот, вели Цветановски.
На учесниците им биле доделени медали и сертификати за учество во програмата.
ФОТО: Студент од Скопје стана млад амбасадор за помирување
Од 07.09. до 12.09. во Белград се одржа програмата “Млади амбасадори за помирување” во која учество земаа млади лица од земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија.
Учесниците имале можност да се запознаат со голем број звучни имиња како хрватскиот амбасадор во Србија, Гордан Маркотиќ, Шефот на ЕУ делегацијата во Србија, Мајкл Девенпорт и многу други, а о нив дискутирале за теми за кои се големо значење за помирувањето и решавање на проблемите со кои се соочуваме.
Во текот на студиската посета, стипендистите имаа можност да се запознаат со работата на Обвинителството за воени злосторства како и Националното собрание.
Еден од претставниците од Македонија е Филип Цветановски кој студира политички науки на Правниот Факултет во Скопје. На завршната церемонија, во присуство на високиот претставник од Британската амбасада Доминик Брајтвајт, се закити со сертификати и медали со кои официјално станаа млади амбасадори за помирување.